Hа 21.03.2021 во 20,00 часот било пријавено дека на бул.„Партизански одреди” во Скопје возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата напуштило лице место, удрило во 15 годишен пешак од Скопје.
По незгодата пешакот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На Твитер роднина на прегазениот малолетник напиша:
„Вечерва некој храбар со ауди а8 го удри внук ми на пешачки и кидна. Се надевам ќе има природна рамнотежа и ќе си плати гадот“ вели граѓанинот.
Вечерва некој храбар со ауди а8 го удри внук ми на пешачки и кидна
— Lilith (@Sanjichak_) March 21, 2021
Се надевам ќе има природна рамнотежа и ќе си плати гадот






