Се што е различно, инспиративно и ново, заслужува да биде на оваа сцена. Браво Марија!“ – вака Јелена Карлеуша го коментираше изгледот на учесничката Марија, која впрочем испеа и нејзина песна.
Во вчерашната емисија на Ѕвездите на Гранд, Марија Груевска го „освои“ жирито со својот талент, но и со досега невиден стајлинг.
Марија се претстави со песната „Кој ти гризе образи“ на Тоше Проески и со „Управо оставјена“ на Карлеуша во џез верзија.
Груевска на сцена се појави во златна кеација на дизајнерот Златко Јовановски и со посебни детали на главата.
„Јас во животот никогаш не сум видела ваква висока мода како што гледам вечерва на тебе. Ова се вика висока мода. Секоја чест на Златко, бидејќи ова е нешто несекојдневно на оваа сцена. Изгледаш како принцеза, а пееш како да си дојдена од друга димензија, многу поразличен пристап“ – и искоментира Јелена.
Марија доби шест гласови, исто како и кандидатот со кој беше во дуел, а по прегласувањето имаа по три гласа, по што продукцијата донесе одлука Груевска директно да оди во следниот круг.
Телеграф.рс






