Грозјето е идеално овошје за едноставна диета, бидејќи има голема нутритивна и диететска вредност, а делува и како природен тоник на организмот.
Содржи во просек 20 отсто шеќер, па така има голема енергетска вредност, а освен тоа има и доволно Ц витамин и доста калиум.
Најважна вредност на грозјето е во биофлавоноидите, соединенија кои се вредни антиоксиданси и ги штитат клетките од штетното влијание на слободните радикали. Грозјето така делува превентивно на голем број болести и го успорува стареењето на организмот. Најдобар извор на флавоноиди е сокот од црно грозје.
Семките пак, се вреден извор на активни состојки која делува на намалување на холестеролот.
Летото е иделен период за едноставно чистење на организмот со ова овошје. Иако содржи доста вода во која се наоѓаат витамини, минерали и целулоза, грозјето дава чувство на ситост без преголем внес на калории.
Еднодневна диета со грозје има диуретско дејство, го поттикнува нормалното варење на храната, ги чисти цревата, го тонизира организмот и овозможува губење килограми. Диетата не може да биде поедноставна од што е, доволно е да купите околу два килограми грозје и да јадете во текот на целиот ден.







