Македонците се најнесреќни во регионот. На листата на Обединетите нации Македонија е на 94 место и е најнесреќна од поранешните југословенски држави. Се работи за листа на 149 земји.
Скалата на среќа се прави врз основа на статистички податоци на истражувањето на Галуп за тоа колку самите граѓани се чувствуваат среќни. На врвот се Финците и тие се најсреќен народ. Финска и покрај пандемијата на коронавирусот, го одбрани името за најсреќна држава во светот и е на прво место четврта година по ред. По Финска следат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург и Нов Зеланд, а на 10 место е Австрија. Од државите од екс Југославија најсреќни се Словенците кои се на 29 место, Косово на 33, Србија на 48,, Хрватска на 60, Босна и Херцеговина на 64, Црна Гора на 72 и најнесреќни се Македонците на 94 место. Последни на листата се Руанда, Зимбабве и Авганистан.






