Поминаа 24 години од трагичната смрт на принцезата Дајана, а британската и светската јавност со децении ги споредува фотографиите на офицерот Џејмс Хјуит (62), поранешниот љубовник на никогаш прежалената Лејди Ди, со сликите на принцот Хари.
Големата сличност на војводата од Сасекс со човекот со кого неговата мајка била во петгодишна врска во 1980-те години и денес интригира, поради што многумина веруваат дека тој му е всушност татко на Хари.
Ова е фотографија од неговата младост, на која изгледа со многу сличности како принцот Хари.

Своевремено, тој ги демантирал овие претпоставки.-
-„Не, не сум му татко“, рекол тој.
Сепак, озборувањата и понатаму продолжуваат, а тој вели дека тоа е така затоа што тие продаваат весници.
Денеска тој изгледа вака:







