„Тој не е мојот син“, вели кардиохирургот Жан Митрев за А1 он, по објавувувањето на информациите дека 25-годишниот Филан Митрев лани во ноември бил уапсен за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење бомба.

Од ваквата изјава на сопственикот на клиниката „Жан Митрев“ останува нејасно дали тој се откажал од неговиот син или пак во целост демантира било каква поврзаност за лицето кое се сомничи дека е дел од терористичка организација.
Сега веќе 25-годишен, Филан се појавил во судот на 2 септември годинава и текот на судењето е опишан детално на германскиот локален медиум Франкфуртер Рундшау.
Во регионалниот суд во Франкфурт започна судскиот процес во кој обвинет за тероризам е германскиот државјанин Филан М. кој е по потекло од Македонија. Како што потврдија германските медиуми, станува збор за синот на д-р Жан Митрев кој е сопственик на приватна кардиохируршка клиника во Скопје.
Според германските медиуми момчето Филан Митрев (24) заедно со уште двајца турски државјани е уапсено во ноември минатата година. Тројката, според канцеларијата на јавниот обвинител е идентификувана како „поддржувачи на терористичката милиција на ИСИС“.
Тие се обвинети за подготовки за извршување на религиозно мотивирано кривично дело го Германија користејќи експлозив или огнено оружје за да убијат што е можно повеќе луѓе, таканаречени „неверници“.







