На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен маж од струмичко пријави дека пред околу една недела четири малолетни лица насилно се однесувале кон неговиот малолетен син, а таквото однесување го снимиле и објавиле на социјалната мрежа „Тик Ток“. По пријавување на настанот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки за негово расчистување и во ПС Струмица се повикани инволвираните малолетници, со кои се извршени службени разговори во присуство на нивните родители. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






