Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Минималната плата во март ќе се зголеми до 15.401 денари –ССМ бара да биде 16.976 денари

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-03-17
in Uncategorized
Не задолжија за 700 милиони евра

ССМ со најново соопштение:

„Според член 4 во Службен весник на Република Македонија, исплатената висина на минималната плата во бруто износ за претходната година се усогласува во март секоја година со: една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Македонија, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Пресметките на ССМ покажуваат дека согласно Критериумите за УСОГЛАСУВАЊЕ на минималната плата во март 2021, Минималната плата треба да се усогласи за 3,17 отсто. Минималната нето плата сега изнесува 14.955 денари, зголемена е кога даночното ослободување во јануари се зголеми, и мимималната плата од 14.934 денари се зголеми за 21 денар.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Со ова усогласување, во март 2021 година, нето минималната плата ќе порасне нето за 446 денари (15.401 денар).

Додека бруто минималната плата сега изнесува 21.776 денари и со ова усогласување бруто минималната плата ќе порасне за 690 денари. (22.466 денар).

Просечната нето плата за декември 2020 изнесува 28.294 денари, а Минималната нето плата ќе изнесува 15.401 денари и со минималната плата ќе се покрива 54,43 отсто од просечната плата.

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека ваквото покачување на минималната плата не е доволно, со оглед на тоа што во изминатиот период, македонскиот работник само за лекување поради заболување или изолација од болеста имаше зголемен трошок за витамини и лекарства за најмалку 6.000 денари месечно, а тука се и зголемените цени на сите производи кои се неопходни за едно четиричлено семејство.

Од овие причини, апелираме минималната плата да се зголеми во висина од 60 отсто од просечната плата и истата да не изнесува помалку од 16.976 денари“, велат од ССМ.

Дополнително, потсетуваат дека зголемувањето на минималната плата треба да значи и спирално зголемување на останатите плати во сите сектори и дејности за сите работници, а потсетуваат и дека не е законски работодавач да исплаќа плата само во висина на минималната плата на работник, доколку истиот има минат труд, работи во смени, работел прекувремено, работел во празник итн.

Извор: Фактор

Previous Post

Миркуловски позитивен на Ковид-19

Next Post

Во Израел короната е мртва, се журкаат слободно (Видео)

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Во Израел короната е мртва, се журкаат слободно (Видео)

Во Израел короната е мртва, се журкаат слободно (Видео)

Recommended

Џамбазов: На плажата во Козле (Видео)

Џамбазов: На плажата во Козле (Видео)

2 years ago

На ГП “Ќафасан” албанската полиција спречи шверц на лекови

11 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.