Русија има капацитет да изврши ограничен напад врз територија на НАТО во секој момент, предупреди германскиот генерал-потполковник Александер Цолфранк, командант на заедничките операции на германската војска.
Во интервју за „Ројтерс“, тој изјави дека Русија, и покрај загубите во Украина, задржува значителна борбена сила, особено во воздухопловството и нуклеарниот арсенал, и дека би можела да започне поголем напад до 2029 година доколку продолжи со забрзано вооружување.
Цолфранк посочи дека Русија користи „хибридна тактика“, како што се дрон-напади и психолошко влијание, за да предизвика страв и несигурност во НАТО. Германија, како одговор, планира зголемување на армијата за уште 60.000 војници, со цел да ја зајакне својата одбрана и отпорност на можни закани.






