Министерот за здравство Венко Филипче предмалку ја информира јавноста на прес конфереција дека нови рестриктивни мерки нема, нема ниту зголемување на времетраењето на полицискиот час.
„Се наоѓаме во екот на третиот бран, за еден месец бројката е зголемена за 5 илјади заразени. Во болниците има околу 1.100 пополнети болнички места, притисокот во Скпје беше навистина голем. Според анализите, треба да остане оваа мерка ќе даде резултати за 4-5 дена“, кажа Филипче.






