Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лидерите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, се силни и решителни личности со кои „не треба да се поигрува“. Трамп нагласи дека разговарал со нив за прашањата на денуклеаризацијата.
Тој истакна дека САД би можеле повторно да спроведуваат нуклеарни тестови по тридецениска пауза, поради тоа што Русија и Северна Кореја постојано тестираат, а други земји исто така ги развиваат своите програми. Трамп додаде дека сака Америка да не биде единствената земја што не тестира нуклеарно оружје.
Претходно Путин објави дека Русија успешно го тестирала нуклеарниот подводен дрон „Посејдон“ и ракетата „Буревестник“. Кремљ соопшти дека ќе реагира ако некоја земја го прекрши мораториумот за нуклеарни тестови, а Вашингтон не ја известил Москва за своите намери.







