Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во партијата. Тој нагласи дека изборните резултати претставуваат јасен патоказ за насоката во која треба да се движи СДСМ, како и за неговото лидерство.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ и за мене како претседател. Јасно е какви политички и кадровски промени треба да се направат, и тие ќе се случат во наредните денови. Ќе има седници на Извршниот одбор и на Централниот одбор на кои ќе ги обзнанам тие промени. Секако, ќе планираме и конгрес на кој ќе се дискутираат политиките за следниот период,“ изјави Филипче.
Тој додаде дека не размислува за оставка, бидејќи е на функцијата кратко време. Филипче потврди дека потпретседателката Ана Чупеска поднела оставка, додека за останатите потенцијални оставки најави дека јавноста наскоро ќе биде информирана за дополнителни кадровски решенија.







