Во 2026 година – 10 продолжени викенди за православните верници и 7 за сите граѓани
Граѓаните на Македонија во 2026 година ќе уживаат во вкупно седум продолжени викенди, додека за припадниците на православната вероисповед бројот ќе биде уште поголем – вкупно десет неработни викенди во текот на годината.
Според календарот на државни и верски празници, Новата година (1 јануари) ќе биде во четврток, а веднаш потоа следува Божик на 7 јануари (среда). Продолжени викенди ќе има и за Рамазан Бајрам (20 март, петок), Велигден (13 април, понеделник), 1 Мај – Денот на трудот (петок), „Св. Кирил и Методиј“ (25 мај, понеделник), Денот на Републиката (3 август, понеделник) и Денот на народното востание (12 октомври, понеделник).
За православните верници, покрај овие датуми, неработни денови ќе бидат и Бадник (6 јануари), Водици (19 јануари), Велики Петок (10 април), Духовден (29 мај) и Голема Богородица (28 август).
Католиците ќе го празнуваат вториот ден на Велигден на 6 април, Празникот на сите светци на 1 ноември и Божиќ на 25 декември.
За муслиманите, првиот ден на Курбан Бајрам ќе биде неработен на 27 мај (среда), а припадниците на другите заедници ќе имаат дополнителни празници: Србите на Свети Сава (27 јануари), Ромите на 8 април, Власите на 23 мај, Евреите на Јом Кипур (21 септември), Бошњаците на 28 септември, а Турците на 21 декември.
Со ваков календар, 2026-та ќе биде година богата со празници и можности за одмор, патувања и семејни дружења за сите граѓани во државата.







