Во Нови Сад денес се одржува комеморативен собир по повод едногодишнината од трагедијата со настрешницата на железничката станица, при која на 1 ноември 2024 година загинаа 16 лица.
Собирот започна во 11:52 часот пред железничката станица, со присуство на студенти, средношколци и граѓани од цела Србија кои пешачеа кон Нови Сад за да оддадат почит на загинатите.
Настрешницата се урна пред една година во истото време, при што меѓу загинатите беа четири деца на возраст од 6, 10, 16 и 17 години, а дополнително три лица беа тешко повредени. Подоцна, од повредите починаа уште две лица.







