На 30.10.2025 во 22:00 часот во село Подмоље, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија Г.М.(48) од истото село. При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја. Г.М. се сомничи дека ноќта на 29/30.10.2025 со пиштол пукал кон стан во зграда во Струга, при што е направена материјална штета, а повредени лица нема. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против Г.М. ќе поднесе соодветни кривични пријави.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







