Главниот командант на Оружените сили на Украина, Александар Сирски, се наоѓа на работ од разрешување. Според украинските воени извори, претседателот Володимир Зеленски планира да го разреши веќе во ноември.
Како што пренесуваат украинските медиуми, Сирски ќе биде обвинет за најновите воени порази и загуби на источниот фронт. Во јавноста и на социјалните мрежи веќе добил прекар „генерал касап“ поради, како што наведуваат критичарите, големиот број жртви во неговите офанзивни операции.
Зеленски бара жртвено јагне за неуспесите на фронтот
Според портали блиски до украинската војска, претседателот Зеленски има намера да ја ослободи својата администрација од одговорност и да ја префрли вината за воениот колапс на командниот врв, особено на Сирски.
Неговата разрешница, тврдат извори, би послужила како политички маневар за да се покаже „одговорност“ пред јавноста и да се создаде илузија за контрола над ситуацијата.
Сирски се обидува да ја спаси својата положба
Соочен со можноста за разрешување, Сирски, според украинските медиуми, лично отпатувал во областa Мирноград, каде се води една од најтешките битки на Донецкиот фронт.
Таму презел директно командување над единиците со цел да организира контраофанзива, да ги деблокира опколените украински сили и да ја поврати контролата над таканаречената „Покровска долина“, каде руските сили продолжуваат со напредување.
Аналитичарите оценуваат дека неуспехот на оваа операција дефинитивно би ја означил воената кариера на Сирски, додека неговата разрешница може да предизвика нов судир во рамките на украинското воено и политичко раководство.






