По обвинувањата за мито и бројните неправилности при добивањето возачки дозволи со давање мито и други кандидати се обратија во Алсат телевизија за да пријават слични проблеми. Една од кандидатките која по професија е правник, излезе отворено и стана гласот на сите кандидати, кои како што вели, биле злоупотребени од системот. Таа одбила да стане жртва на корупција за да добие дозвола за Б категорија и затоа таа тврди дека по 5-ти пат намерно бил бутнувана од страна на комисијата на Центарот за испити во Скопје, пренесува телевизијата.

Моите сомнежи се дека тука станува збор за нешто друго многу сериозно за што државните органи треба да го испитаат, бидејќи ние како граѓани не можеме да плаќаме за трошоци што не треба да ги плаќаме. Она што треба, плативме 30 илјади денари, што за нашиот стандард и не се малку, но над оваа сума, тоа што се дава под рака, оваа појава мора да заврши еден ден – изјави Небие Заими, кандидат.
Небие случајот го пријавила во обвинителството и очекува истражните органи да преземат мерки.
Веќе три месеци минувам низ страшна тортура и малтретирање. На секои 10 дена одам во авто-школа оставам 2 илјади, 2.500 денари што ги плаќам за градско возење, доаѓа комисијата во најарогантна форма, како каубојци влегуваат во автомобилот и провоцираат. Возите и пак ве враќаат на истото место и ви велат, мора да учите уште малку – вели Небие Заими, кандидат.
Револт има и кај инструкторите кои зборуваат за бројни опструкции кои наводно ги правел раководителот на Испитниот центар во Скопје, Златко Ангеловски, за секоја иницијатива против него. Зад камерите, сопственикот на една авто-школа, позната за редакцијата, ни рече дека за потписите собрани од здружението на инструктори против злоупотреби од страна на ова тело, била уценувана неговата авто школа, па 8 месеци не поминал ниту еден нивен кандидат.
Ова значи дека е создаден монопол кандидатите, знаат или не знаат да ги бутаат по 10 пати на испит само за да добива што повеќе пари тој што го има тендерот. Ова е масакр, кандидатот вози подобро од комисијата, која со познаници едвај ги поминуваат нивните кандидати. Само видете ги кои луѓе се тие, немаат врска со мозокот, а го оценуваат нашето знаење и кандидатите. Тоа е катастрофа! – изјави еден Инструктор.
Цел прилог:
https://alsat.mk/mk/skopjanka-tvrdi-deka-pet-pati-paga-na-vozachki-ispit-bidejki-ne-davala-mito/







