Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува скорешно решавање на војната во Украина, нагласувајќи дека неговите односи со рускиот претседател Владимир Путин можат да придонесат за постигнување мир.
На сесија од самитот на АПЕК, Трамп потсети дека во последните месеци постигнал мировни договори во неколку жаришта ширум светот, вклучително и меѓу Израел и Палестина – нешто што, како што рече, долго време се сметало за невозможно.
„Осум конфликти решени за осум месеци. Очекувам дека наскоро ќе има уште еден. Искрено, мислев дека украинскиот ќе биде еден од полесните. Кој би рекол дека ќе постигнеме мир на Блискиот Исток, но не и меѓу Русија и Украина“, изјави Трамп.
Тој додаде дека верува во „брз и одржлив исход“ на украинската криза, нагласувајќи дека американската дипломатија под негово раководство останува фокусирана на мир и стабилност во Европа.







