Турција не престанува да се тресе – по силниот земјотрес од 6,1 степен што синоќа го погоди Баликесир, забележани се повеќе од 100 последователни потреси, од кои најсилниот бил 4,4 степени.
Повредени се 18 лица, а пријавени се над 500 случаи на оштетувања, меѓу кои 25 со структурна штета, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерлијаја. Во неколку окрузи училиштата се затворени, а трудниците и лицата со попреченост во јавните институции се пуштени на административно отсуство.
Гувернерот на Баликесир, Исмаил Устаоглу, изјави дека четири лица се пуштени од болница, а нема загинати. Неколку напуштени згради и една продавница се урнале.
Земјотресот со епицентар во округот Синдигри се почувствувал и во Истанбул и соседните провинции. Според АФАД, длабочината на потресот била 5,9 километри. Властите ги повикаа граѓаните да не влегуваат во оштетени објекти и да ги следат официјалните упатства.







