Најслушаното регионално радио, „Радио Бубамара“ се подготвува за 24 вонредно пандемиско издание на Златна Бубамара – под слоганот „Ќе го преживееме и ова во животов!!! -пренесе Канал 5 телевизија.
Манифестација Златна Бубамара веќе неколку години е најголемиот регионален бренд. Наскоро најслушаното радио и најгледаната телевизија Канал 5 повторно ќе ја освојат домашната и регионалната публика. На Канал 5 телевизија традиционално и годинава ќе може да ја проследите Златната Бубамара, која сега ќе се одржи во пандемиски услови со слоганот „Ќе го преживееме и ова во животов!!!
Инаку според истражување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Радио Бубамара е најслушана регионална станица и во последниот квартал на 2020 година.





