Овен
Денеска не сте многу посветени и завршувате обврски само формално. Колегите и надредените можат да ви замерат поради тоа. Расположението на саканата личност е спротивно од вашето – како да сакате исти работи, но во различно време. Потребно ви е одмор и релаксација.
Бик
На работното место се јавуваат компликации, но тоа не ве изненадува. Мирот и сигурноста од саканата личност ви даваат верба и сила. Внимавајте на здравјето, можни се покачени температури.
Близнаци
Денес е поволен ден за финансии – можно е успешно решавање на проблеми. Се отвора можност за нова врска, но не сте сигурни што точно сакате. Внимавајте во сообраќајот.
Рак
Не е идеален момент за нови проекти – осигурајте се добро пред да преземете нов чекор. Иако мислите дека ситуацијата во односот се смирила, се подготвува нова бура. Потребна ви е релаксација.
Лав
Ќе добиете важна задача која ќе ја завршите без проблем ако не се оптоварувате со притисокот од околината. Личност родена во знакот Лав може да ви привлече внимание. Избегнувајте цигари и стрес.
Девица
За приватен бизнис овој период е потежок и бара стратегија. Загрижени сте дека вашите чувства не се возвратени како што сакате – размислете за искрен разговор. Поволен период за слабеење и здравјето.
Вага
Ќе ви биде тешко да ја одржите концентрацијата, па внимавајте да не правите грешки. Почувствителни сте и можни се кавги без причина. Потребен ви е одмор.
Шкорпија
Мали препреки ќе ги надминете лесно и ќе се чувствувате безгрижно. Ако сте решени да освоите личност која ви се допаѓа, очекувајте тешка задача – таа не е подготвена за сериозна врска. Можно е несоница.
Стрелец
Успехот ќе дојде со тимска работа. Со својот ведар дух и шарм ги плените околу себе. Уживате во убав ден, а здравјето е добро.
Јарец
Ќе почувствувате олеснување – како да се тргнува товарот кој го носевте. Вашата верност може да биде испитана, па бидете внимателни. Би ви годела масажа.
Водолија
Поволен ден за решавање проблеми – конечно ќе успеете. Можно е да запознаете личност за сериозна врска, но не сте сигурни дали е ваш тип. Здравјето е добро.
Риби
Подобри денови се пред вас, со можна позитивна промена во финансии. Во врската немате проблеми – стабилен партнер ви дава сигурност. Имате многу енергија.





