Албанија утрово беше погодена од неколку последователни земјотреси, кои ги вознемирија жителите на повеќе региони.
Според податоците на Сеизмолошкиот завод, најсилниот потрес бил регистриран во 7:06 часот во Драч, со магнитуда од 3,9 степени. Неколку минути претходно, во Кониспол биле почувствувани два земјотреса – првиот со јачина од 2,7, а вториот од 3,2 степени.
Земјата се затресе и во регионот на Мирас, кај Корча, каде во 6:15 часот е забележан потрес со магнитуда од 3,1 степен.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.







