Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Луѓето се плашат од пророчеството на Нострадамус за крајот на 2025 година: „Како да веќе започна“

by
2025-10-21
in Uncategorized

Иако почина пред речиси 500 години, Нострадамусовите стихови од книгата Les Prophéties повторно кружат на социјалните мрежи, предизвикувајќи загриженост поради наводно пророчество за крајот на 2025 година. Според интерпретациите, светот би можел да влезе во период на војни, конфликти и катастрофи, со „огнови кои се креваат од Исток“ и „Запад кој ја губи својата светлина“.

Нострадамус, чиј вистински лик е Мишел де Ностредам, никогаш не пишувал директно и јасно, па неговите стихови се полни со симболи, метафори и двосмислени изрази. На пример, за историските настани како Големиот пожар во Лондон или Француската револуција, неговите описи биле симболични, што овозможува широк спектар на интерпретации.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Најновиот стих кој се поврзува со крајот на 2025 година вели:

„Кога Марс ќе владее својот пат меѓу ѕвездите, човечка крв ќе посипе светилиште. Три огнови се креваат од источните страни, додека Западот ја губи својата светлина во тишина.“

Стручњаците предупредуваат дека „Марс“ симболизира конфликт и разорување, „човечката крв“ укажува на војни, а „три огнови од Исток“ можат да најавуваат нови тензиите или вооружени судири во источните региони на светот. „Запад кој ја губи светлината“ би можел да значи губење моќ, влијание или стабилност на западните земји.

Иако дел од аналитичарите сметаат дека Нострадамусовите стихови можат да се прилагодат на речиси секој историски настан, актуелните тензии во светот создаваат чувство дека неговите пророчества „веќе започнале да се остваруваат“.

Дополнително, некои интерпретации велат дека Нострадамус предвидел „огнена топка“ од вселената која ќе го погоди Земјата и големи судири кои би можеле да го зафатат Обединетото Кралство и Европа.

Се чини дека, речиси половина милениум подоцна, Нострадамусовите стихови повторно будат и фасцинација и страв во светот.

Previous Post

Голема акција во Прилеп: уапсени поранешни директори и раководители на болницата

Next Post

Додајте само еден зачин во лимонадата и ќе стане еликсир: жена откри трик што ѝ го промени телото за 10 дена

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Додајте само еден зачин во лимонадата и ќе стане еликсир: жена откри трик што ѝ го промени телото за 10 дена

Recommended

Охридските нуркачи и годинава запалија василичарски оган во езерото

Охридските нуркачи и годинава запалија василичарски оган во езерото

5 years ago
Славица Ангелова победи на Ѕвездите на Гранд !

Славица Ангелова победи на Ѕвездите на Гранд !

2 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.