Од 10 до 30 ноември 2025 година, Меркур ќе биде ретрограден во знакот Стрелец, што ќе влијае најмногу на Стрелците, Близнаците, Девиците и Рибите. Овој период ќе донесе недоразбирања, одложувања и погрешни проценки во комуникацијата, патувањата и плановите.
Стрелецот е знак на оптимизам и слобода, но кога Меркур се движи наназад, таа енергија може да прерасне во непромисленост и погрешно толкување на зборовите. Можно е луѓето да даваат преголеми ветувања или да се соочат со проблеми во патувања, документација или образовни планови.
Овој транзит носи и момент за внатрешно преиспитување – време е да се вратиме на основите и да размислиме дали нашите верувања и идеи се вистински или плод на ентузијазам.
Иако може да донесе конфузија, ретроградниот Меркур во Стрелец има и позитивна страна: враќа стари соништа и планови кои сега можат да добијат нова смисла, доколку се пристапи со трпение и јасен ум.







