На 19.10.2025 во 15:45 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на место викано „Сушара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 31-годишната Г.В. од Битола и патничко возило „опел“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната Ф.К. од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „опел“ со дебарски регистарски ознаки, А.У.(21) од Дебар, додека со телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Дебар.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






