Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија на денешната прес-конференција жестоко одговори на навредите изречени од страна на премиерот Зоран Заев кон Македонците муслимани, но и ја коментираше посебната графа на престојниот попис.
Тој потенцираше дека Македонците муслимани по ништо не се разликуваат од своите браќа Македонци освен по својата вероисповест и како такви не можат да бидат запишувани во посебна графа на престојниот попис туку нивната религиска определба треба да биде запишана во графата за вероисповест.
Тој одговори и на навредите на Заев кој говорејќи за тоа како ќе бидат внесени во Уставот како посебна етничка група ги нарече „Торбеши“ и уште еднаш потенцираше дека Македонците муслимани се нераскинлив дел од македонскиот етникум.






