Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на средбата со претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа му покажал мапи со потенцијални цели во Русија. Целта на овие „точки на притисок“ е, според украинската страна, да се принуди Владимир Путин да го запре војниот конфликт.
Зеленски потврди дека детално разговарале за овие прашања и ја оценил средбата како „отворена и продуктивна“. Тој предложил САД да и обезбедат на Украина крстаречки ракети „томахавк“, додека Украина би обезбедила дронови на американската страна. Зеленски повика и на безбедносни гаранции за Украина и не исклучиja тространи преговори со Трамп и Путин за завршување на руската инвазија.
Трамп, пак, истакна на својата мрежа Truth дека е време за прекин на насилството и постигнување договор, со тоа што двете страни треба да „станат таму каде што се“ и да најдат компромис. Американскиот тим размислува за иницијатива за мировни преговори со посредство на САД, со цел да се заштити стабилноста во Европа.







