Трамп ја откри тајната понуда на Мадуро: „Сè би дал само да избегне судир со Америка“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека венецуеланскиот лидер Николас Мадуро понудил привилегиран пристап до природните ресурси на својата земја за да ги намали американските воени притисоци во Карибите.
„Понуди сè што може, знаете зошто? Затоа што не сака да се плетка со Соединетите Држави“, изјави Трамп, нагласувајќи дека Мадуро се обидува да избегне директен конфликт со Вашингтон, пренесува CNN.
Напнатоста меѓу двете земји расте, а според New York Times, венецуелски претставници неодамна стапиле во контакт со американската администрација, нудејќи ѝ доминантна улога во експлоатацијата на нафта и природни ресурси, дури и во замена за оставка на Мадуро.
Истовремено, Трамп повторно ја критикуваше Шпанија поради недоволниот придонес во НАТО, изјавувајќи дека земјата „не ја исполнува својата обврска и не е лојална на Алијансата“.







