Викендов времето во нашата Република Македонија ќе биде ладен, односно ќе имаме температури под просекот за овој период од годината и температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Времето ќе биде претежжно облачно со повремени локални врнежи од дожд а намалување на облачноста ќе имаме утре (недела 19 октомври) во попладневните и во вечерните часови. Поради разведрувањето во понеделник наутро (20 октомври) ќе биде уште поладно со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени. Во Скопје и околината температурата викендов ќе се искачува до околу 15 степени а уште поладно утро ќе има во понеделник (20 октомври) кога минималната температура ќе се спушти до околу 7 степени.
Почетокот на новата седмица ќе ни донесе стабилно и суво време а нови врнежи од дожд ќе имаме во текот на ноќта вторник кон среда и во среда (22 октомври).






