
Лазаров ја воскресна репрезентацијата по дебаклот на неодамнешното Светско првенство во Египет и враќајќи прославени имиња во тимот, што на теренот, што во стручниот штаб, им даде дополнителен мотив на играчите да се надминат себеси и да ја остварат една од најголемите победи за македонскиот ракомет воопшто.

Црвено-жолтите го дочекаа крајот на мечот со насмевки, честитајќи си меѓусебно за победата, која ја прослави и раководството на Ракометната федерација на Македонија на трибините.
Поразот од македонската репрезентација е голем шок за данската ракометна јавност која очекуваше лесна, петчасовна прошетка до Скопје и назад.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, веднаш синоќа по мечот со светскиот шампион Данска им ја честиташе победата на македонските ракометари која во суштина значи и голем чекор напред кон пласман на ЕП 2022.
Мукаетов, притоа, ги информирал репрезентативците дека за големиот успех ќе добијат и премија во износ од 20.000 евра.






