Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мадридскиот „зелен прионер“ – искористување на водата за пиење да генерира чиста енергија

by
2025-10-18
in Uncategorized

Малата хидроцентрала во резервоарот Валмајор, еден од најголемите резервоари со вода за пиење во близина на Мадрид, е одличен пример како хидроцентралата може да се претвори во „зелен пионер“. Валмајор на многу едноставен и паметен начин ја покажува врската меѓу енергетиката и управувањето со вода, од која бененфитот го има човекот и животната средина. Наместо изградба на нова брана, шпанскиот оператор на водоводниот систем Canal de Isabel II тука се одлучил да ја искористи постојната инфраструктура, односно испустите за вода на браната и природниот пад на водата од браната. Со тоа, производството на електрична енергија е интегрирано со екосистемот, вградено во веќе постоечкиот циклус на водоснабдување. Резултатот е мини-централа со инсталирана моќност од 672 kW, која годишно произведува околу 2,54 GWh, што е доволно за околу 600 домаќинства. Проектот е реализиран во периодот 2015–2018, со вкупна инвестиција од 6,58 милиони евра, половина ко-финансирани преку Европскиот фонд за регионален развој (ERDF).

Во Валмајор, турбината е „залепена“ до постојниот канал што ја носи водата кон постројката за преработка, а зградата на централата е архитектонски обликувана да се вклопи со пределот, и сето тоа без да се наруши снабдувањето со вода за граѓаните. Технички, решението е дизајнирано да работи и со мали протечни количини. Вграден е управувач на фреквенција и интелигентна електрика што овозможува извлекување енергија и од „скромни“ падови и испусти. Дополнително, системот е проектиран да може да се прошири со уште две турбини, односно може да расте без нови крупни градежни работи.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Големата предност на ваквите зафати е што го минимизираат отпечатокот врз животната средина.

ЕУ го олесни градењето на мали хидроцентрали

Во срцето на европската енергетска транзиција, одговорите за климатската неутралност сѐ почесто се наоѓаат во интелигентната модернизација на постојните проекти. Не само што се потпира и на скапи нови извори на обновлива енергија, Европската Унија сѐ повеќе го промовира принципот на искористување на „скриениот“ хидропотенцијал во постоечката инфраструктура. Пример за ваквата „зелена“ е системот за водоснабдување во Мадрид. Но, Валмајор не е изолиран случај. Овие мали хидроцентрали се пожелни во секој модерен енергетски систем затоа што ја зголемуваат базна енергија и не бараат изградба на брани по реките.

Клучната вредност на проектот Валмајор лежи во неговата целосна усогласеност со двете најважни ЕУ политики: Директивата за обновливи извори на енергија (RED) и Рамковната директива за води (WFD). Односно, најновите европски политики го поддржуваат искористувањето на овој тип на скриена енергија во системите. Директивата за обновливи извори (RED III) постави обврзувачка цел ЕУ да постигне најмалку 42,5% обновлива енергија до 2030 (иако амбизиозната цел е 45%. Согласно директивата олеснета и забразано е издавањето на дозволи за овој тип проекти, кој потикнуваат локално производство. Планот REPowerEU, усвоен во мај 2022, ја забрза транзицијата и ја намалува зависноста од руски фосилни горива преку мерки кои треба да го „отклучат“ секој безбеден мегават од домашни извори. Проектите треба да се усогласат Рамковната директива за води (WFD), која бара „добра состојба“ на водните тела и внимателно имплементирање мерки за заштита на реките и околните екосистеми.

Хидроцентралите се дел од „нискојаглородната економија“

Ако се навратиме на Валмајор токму неговото влијание врз животната средина беше причина да половина од трошокот за изградбата да го покри Европскиот фонд за регионален развој (ЕРДФ). Односно, проектот беше кофинансиран со 3,29 милиони евра (околу 50% од вкупната инвестиција) преку ЕРДФ, во рамки на Оперативната програма на Фондот за Мадрид за програмскиот период 2014-2020 година.

Проектот се вклопува во приоритетите на нискојаглеродната економија. Ова покажува дека и мали проекти може да добијат значајна финансиска подршка ако се осмислени да го минимизираат отпечатокот врз животната средина и човековото здравје, а носат мерливи енергетски бенефити.

Како да се „преведе“ Валмајор за Македонија

Примерoт со Валмајор е особено релевантен за земјите-кандидати како Северна Македонија, која е во процес на длабока енергетска трансформација со цел постигнување на амбициозни цели. Нашата потреба за нови извори на електрична енергија е реална и континуирано расте. Изградбата на мали хидроцентрали е дел од можностите за производство на чиста енергија. Потребно е да се проучи кои ни се систематски енергетски адути, но и да се разгледаат можностите за кофинансирање или за зелени заеми.

Според Националниот план за енергија и клима (NECP), Македонија има за цел значително да го зголеми учеството на обновливи извори на енергија и да го исфрли јагленот до 2027 година. Во оваа стратегија, хидроенергијата (вклучувајќи ги и малите хидроцентрали) останува важен дел, со веќе инсталирани над 120 МХЦ кои придонесуваат кон домашниот енергетски микс.

Десетина мини-турбини односно мини хидроцентрали заедно можат да изгледаат како една значајна „виртуелна електрана“ со десетици GWh годишно и да обезбедуваат стабилна локална енергија.

Поуката е едноставна за секој систе, не секоја зелена иновација мора да биде „голема“. Понекогаш доволно е да погледнеме каде веќе тече вода на постојните брани или внимателно да се осмислат проекти на помали реки кои ќе исполнуваат највисоки стандарди и барања за заштита на животната средина. Тоа е патека што Европа веќе ја оди и последниве неколку години ја засили со новите цели за 2030, а за нас претставува рационален начин да го зголемиме домашното производство без да ја нарушиме природата—да извлечеме повеќе енергија од инфраструктурата што веќе ја имаме.

Ова е пример како инвестициите во обновлива енергија можат да бидат еколошки одговорни и технолошки напредни.

Проектот од Шпанија служи како аргументиран доказ дека зелената енергија и заштитата на животната средина не се меѓусебно исклучиви. Со стратешка инвестиција и технолошка одговорност, постоечката инфраструктура може да стане двигател на локалната декарбонизација и да ги донесе европските стандарди поблиску до граѓаните.

Previous Post

Макпетрол со три блок-зделки и Триглав осигурување живот со најголема трансакција на слободен пазар

Next Post

Подгответе дома коктели како професионалец – со коктел мајсторот Васил Пеевски и со Wolt

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Подгответе дома коктели како професионалец – со коктел мајсторот Васил Пеевски и со Wolt

Recommended

ВМА Белград: Состојбата на пациентите од Македонија е сериозна

ВМА Белград: Состојбата на пациентите од Македонија е сериозна

9 months ago

Мајкл Џордан отвори четврта бесплатна здравствена клиника за лечење на сиромашни

9 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.