Подготовките за средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта продолжуваат со забрзано темпо, соопшти Кремљ, откако двајцата лидери ја остварија својата последна телефонска комуникација. Средбата се очекува да се одржи во наредните две недели, но деталите за транспортот на Путин сè уште не се јасни.
Унгарија, како домаќин, не е членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој во 2023 година издаде налог за апсење на Путин, што му овозможува безбедно патување до земјата. Сепак, државите што ја опкружуваат Унгарија — Романија, Хрватска, Словенија и Словачка, како и соседите Србија, Австрија и западна Украина — генерално не дозволуваат транзит за рускиот лидер.
Поради тоа, како можни маршрути за патување се разгледуваат посреднички летови преку Србија или Турција, како и создавање на посебен воздушен коридор за директен пристиг до Будимпешта. Кремљ нагласува дека се уште се решаваат и детали околу составот на преговарачките делегации и останатите логистички прашања пред историската средба.







