Зеленски ќе се сретне со Трамп: Само 45 минути за средба
Според официјалниот распоред на Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп ќе го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски во 19 часот по средноевропско време. Средбата ќе трае само 45 минути, предвидена е и 15-минутна изјава за медиумите.
Средбата не е планирана како класична државна посета – нема состанок во Овалниот кабинет, а протоколот е значително скратен во однос на претходните посети на Зеленски во февруари и август.
Главната цел на средбата е потврдување на веќе договорени точки од претходниот телефонски разговор меѓу двајцата лидери и разговор за безбедносна соработка, енергетски прашања и идните односи меѓу САД и Украина. Не е јасно дали ќе се дискутира за долгорочните ракети „томахавк“ кои Украина ги побарала.
Средбата следи еден ден по разговорот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, што предизвика загриженост во Киев за можен пресврт во американската политика кон Русија.
Зеленски по пристигнувањето се обиде да одржи оптимистичен тон, најавувајќи конкретни предлози и очекувања, но краткиот формат на средбата и отсуството на заедничка прес-конференција покажува воздржаност во Белата куќа.







