Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

600.000 евра за модерна и дигитална преносна мрежа во Македонија – потпишан грант-договор меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD)“

by
2025-10-15
in Uncategorized

Во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија денес се одржа свечената церемонија на потпишување на Грант-договорот меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD), со што се означува континуитетот и продлабочувањето на техничката соработка насочена кон поддршка на модернизацијата на националната преносна електроенергетска мрежа.

Настанот се одржа во присуство на Н.Е. г-ѓа Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини; Н.Е. г-дин Кристоф Ле Ригољер, амбасадор на Франција во Република Северна Македонија; г-дин Бурим Љатифи, Генерален директор на МЕПСО; г-ѓа Вероника Милевски, извршна директорка на RTE International; г-дин Франсоа Винс, заменик-директор на Канцеларијата на AFD за Западен Балкан, како и гости од енергетскиот сектор.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Овој грант во вредност од 600.000 евра овозможува насочена техничка помош за унапредување, модернизација и дигитализација на преносната мрежа – суштински чекори за обезбедување стабилно снабдување со електрична енергија, намалување на техничките загуби, зголемување на ефикасноста на системот и подготовка на МЕПСО за растечкиот удел на обновливи извори и интеграцијата на регионалниот пазар.

Проектот е фокусиран на четири клучни области:

·       изработка на студии за адекватност на системот со користење на пазарниот симулатор ANTARES,

·       димензионирање на системските резерви,

·       воспоставување методологија за пресметка на преносни загуби и изработка на студија за изводливост,

·       како и подготовка на концептуален дизајн за дигитализација на трафостаница.

Во рамките на проектот, експерти од RTE International – подружница на францускиот оператор на преносниот систем RTE – веќе одржаа обуки за инженерите на МЕПСО за користење на симулаторот ANTARES, со што се унапредуваат нивните технички и аналитички капацитети за поефикасно управување со системот во сè подинамичен електроенергетски пазар.

Во своето обраќање, министерката Сања Божиновска ја нагласи важноста на ова партнерство за изградба на современ и отпорен енергетски систем:

„Денес го потврдуваме партнерството што го зајакнува нашиот пат кон модерен, сигурен и достапен енергетски систем. Техничката помош од Француската агенција за развој ќе му овозможи на МЕПСО да ја забрза модернизацијата и дигитализацијата на мрежата, да го подобри планирањето и работењето и поефикасно да ја управува променливоста што произлегува од поголемото учество на обновливите извори и динамиката на пазарот. Оваа поддршка е значајна за граѓаните и стопанството. Понапредна и попаметна мрежа значи помалку прекини, подобро искористување на чиста енергија, посилни регионални врски и поголема отпорност на системот – без разлика дали станува збор за временски услови, флуктуации на побарувачката или пазарна нестабилност.“

Генералниот директор на МЕПСО, г-дин Бурим Љатифи, го истакна посветеното ангажирање на компанијата кон техничка извонредност и дисциплина во реализацијата:

„Со потпишувањето на овој грант-договор ги зајакнуваме нашите стратешки партнерства и го градиме техничкиот капацитет потребен за современа преносна мрежа. Пилот-проектот за дигитализација, фокусиран на развој на целосно дигитална трафостаница со напредни системи за заштита, управување и надзор, претставува конкретен чекор кон трансформација на МЕПСО во попаметен, поефикасен и ориентиран кон иднината оператор на преносниот систем.“

Г-ѓа Вероника Милевски, извршна директорка на RTE International, изјави:

„Овој проект претставува значаен чекор напред за енергетскиот сектор на Северна Македонија – обединувајќи ја националната амбиција, регионалната соработка и европското партнерство. Во соработка со МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD), придонесуваме за зајакнување на енергетската безбедност, конкурентноста и подготвеноста на земјата за енергетската транзиција.Договорот обединува напредно моделирање на електроенергетскиот систем, иновативно предвидување на резервите со користење на вештачка интелигенција и пилот-проект за дигитализација на трафостаница од 110 kV – одлучувачки чекор кон поотпорна, потранспарентна и поконкурентна електроенергетска мрежа.“

Амбасадорот на Франција, Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, нагласи дека овој договор претставува уште еден чекор напред во продлабочувањето на партнерството меѓу Франција и Северна Македонија. Тој истакна дека оваа соработка ја одразува заедничката посветеност на двете земји кон одржлив раст, иновации и енергетска отпорност. Амбасадорот додаде дека Франција, преку AFD и RTE International, со гордост ја поддржува Северна Македонија во напорите за јакнење на енергетската стабилност и создавање позелена и подигитализирана иднина.

Г-дин Франсоа Винс, заменик-директор на Канцеларијата на AFD за Западен Балкан, подвлече дека овој нов договор ја илустрира континуираната посветеност на AFD кон модернизација на преносната мрежа во Северна Македонија. Тој додаде дека оваа соработка е дел од посилната заложба на AFD за поддршка на македонските партнери, и со задоволство ја искористи оваа прилика да го најави отворањето на локалната канцеларија на AFD во Скопје, која ќе ја претставува г-ѓа Мелани Малинво.

Проектот ќе продолжи со нови активности за градење капацитети и техничка поддршка, со што ќе се овозможи примена на напредни технологии и аналитички модели за управување со преносниот електроенергетски систем на Северна Македонија.

За AFD:
Групацијата AFD придонесува за спроведување на француските политики за одржлив развој и меѓународна солидарност. Во нејзини рамки функционираат Agence Française de Développement (AFD) – која го финансира јавниот сектор, невладините организации, истражувањата и обуките; нејзината подружница Proparco, насочена кон приватниот сектор; и Expertise France, агенцијата за техничка соработка.

Групацијата AFD финансира, поддржува и забрзува неопходни транзиции кон поправеден и поотпорен свет. Активна во регионот на Западен Балкан од 2019 година, AFDима мандат да им помогне на земјите од регионот во приближувањето кон стандардите на ЕУ и спроведувањето на Парискиот договор за климатски промени, со цел инклузивен и нискојаглероден економски развој. Од тогаш, AFD има ангажман од над 1,5 милијарди евра во регионот на Западен Балкан, преку 39 активни проекти.

Previous Post

Ѓорѓиевски: Младите се иднината на Скопје – време е градот да им ја врати шансата

Next Post

Проданоски: Прилепска Пиварница е симбол на градот и пример за успех што трае со генерации

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Проданоски: Прилепска Пиварница е симбол на градот и пример за успех што трае со генерации

Recommended

Дарко Влогс од САД: Му благодарам на Никола Груевски што успеа да ме избрка од Македонија

5 years ago
Збогум тато, многу многу беше сакан, од горе чувај не

Збогум тато, многу многу беше сакан, од горе чувај не

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.