Над 120.000 граѓани на Република Северна Македонија во својство на бугарски граѓани ќе имаат право на глас на претстојните парламентарни избори, напиша тој и додава:
Избирачките списоци, во кои се запишани сите бугарски граѓани, се информации од јавен карактер и секоја бугарска општина е обврзана со закон да ги рекламира, физички и преку Интернет, сите оние кои имаат право на глас и живеат на нејзина територија.
Како што вели Каракачанов, деновиве тој ги истражувал веб-страниците на бугарските општини и само бегол поглед бил доволен да се најдат многу интересни имиња на тие списоци, сите луѓе од Македонија, кои се стекнаа со бугарско државјанство врз основа на прогласено бугарско потекло и се идентификуваа како етнички Бугари.
Освен право на глас, сите овие „истакнати“ македонски Бугари, како и другите над 120.000 бугарски државјани во Македонија, имаат право на бесплатна вакцинација против КОВИД-19, како и еднаков пристап до здравствениот систем на Бугарија и целата ЕУ. Ова е вистинска солидарност на татковината Бугарија кон нејзините бројни граѓани – Бугари кои живеат и во Македонија и низ целиот свет, вели Каракачанов и додава:
Ги повикувам луѓето на списоците, не само оние наведени погоре, да гласаат со гласачкото ливче број 1 за вистинската ВМРО!
https://www.facebook.com/KrasimirKarakachanovVMRO/posts/4008594259152833






