Претседателот на САД, Доналд Трамп, постхумно му додели Претседателска медалја за слобода на убиениот конзервативен активист и патриот Чарли Кирк, јавува Ројтерс. Ова е највисоко цивилно одликување во САД.
На церемонијата во Роуз Гарден на Белата куќа, Трамп рече дека Америка „денес е тука да оддаде почит и да се сети на неустрашивиот борец за слобода“.
Трамп потпиша и проглас со кој 14 октомври – денот кој оваа година би бил 32. роденден на Кирк – се прогласува за Национален ден на сеќавање на Чарли Кирк.
Кирк беше еден од клучните организатори на движењето MAGA (Make America Great Again) и значајна личност во конзервативното младинско движење. Тој беше убиен на 10 септември додека држеше говор на Универзитетот Јута Вели.
„Чарли беше гигант на својата генерација, борец за слобода и инспирација за милиони луѓе“, изјави Трамп, истакнувајќи дека Кирк бил „мченик на американската слобода“.
Конгресот и Сенатот едногласно ја усвоија резолуцијата со која 14 октомври се прогласува за Национален ден на сеќавање на Чарли Кирк. Трамп на комеморацијата порача дека ќе ја продолжи мисијата на убиениот активист, кој, како што рече, „оставил неизбришлив траг во борбата за американските вредности“.







![Нов инцидент со Боинг: Дел од крилото се одлепи за време на лет [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/08/screenshot-2025-08-21-115610.png)