На 13.10.2025 во 17:40 часот на ул.„Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода С.Т.(69) од Гостивар. Претходно, тој учествувал во сообраќајна незгода со неговото патничко моторно возило „нисан” со гостиварски регистарски таблички и при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,94 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







