„О, Викторе! Го сакаме Виктор“ – Трамп го нарече Орбан „фантастичен“ лидер
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го нарече премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, „фантастичен“ лидер за време на конференцијата за мир во Газа, одржана во египетското летувалиште Шарм ел-Шеик, и додаде дека целосно го поддржува.
На Фејсбук страницата на унгарскиот премиер објавено е видео со изјавата на Трамп, пренесува унгарската агенција MTI.
„Имаме Унгарија. О, Викторе! Го сакаме Виктор. Ти си фантастичен. Знам дека многумина не се согласуваат со тоа со мене, но јас сум единствениот што се брои“, рече Трамп.
Трамп додаде дека на последните избори во Унгарија го поддржувал Орбан. „Следниот пат ќе бидеш уште подобар. Со тебе сме 100 проценти“, додаде Трамп, додека Орбан се заблагодари на американскиот претседател во објавата.






