Русија изврши масовен напад со беспилотни летала и водени воздушни бомби врз Харков и делови од централна Украина, при што беа повредени неколку цивили, а оштетени медицински и инфраструктурни објекти, пренесува „Киев пост“.
Нападите започнале доцна во ноќта на 13 октомври и биле насочени кон населбите Слобидски и Салтивски, каде што избувнал голем пожар. Една од бомбите ја погодила градската болница и ја уништила помошната зграда.
Според гувернерот Олех Синехубов, шест лица се повредени од скршено стакло, а прозорците на болницата и околните објекти се оштетени. Запалена е и еднокатна гаража во која изгореле 17 возила.
Сите 57 пациенти од болницата биле итно евакуирани, а дел од нив добиле акутни стресни реакции. Три градски области останале без електрична енергија, што погодило околу 30.000 жители.
Во исто време, руските сили го гранатираа регионот Кировоград, при што беше прекинат железничкиот сообраќај и изменет возниот ред на приградските линии.






