Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Македонскиот „спиечки џин“: Дали во реките лежи клучот за енергетска независност на земјата?

by
2025-10-10
in Uncategorized

Европа ита да се ослободи од зависноста од фосилни горива. Стратешки ги постави новите патишта кон енергетска стабилност, каде што во добар дел фокусот е на искористување на хидропотенцијалот во европските држави. Потенцијал кој Македонија сè уште го чува како една од најголемите неискористени можности. Под површината на реките и акумулациите се крие ресурс кој би можел радикално да ја промени енергетската карта на земјата. Како да се разбуди успаниот хидро-џин?

Потенцијалот што чека да се разбуди

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Официјалните податоци на Министерството за животна средина и енергетика покажуваат дека техничкиот хидропотенцијал на македонските реки се проценува на околу 5.500 гигават-часови (GWh) годишно. Во реалност, постојните хидроелектрани, и покрај нивната важна улога во домашниот енергетски систем, произведуваат во просек околу 1.500 GWh годишно. Тоа значи дека речиси 70 проценти од расположливиот хидропотенцијал останува неискористен – бројка што ја потврдуваат и официјалните енергетски документи.

Со сегашното ниво на домашно производство, Северна Македонија покрива околу две третини од својата годишна потрошувачка на електрична енергија, додека преостанатата третина се обезбедува преку увоз, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика и меѓународните енергетски извештаи (ERC, OECD, wiiw). Во зимските месеци, кога потрошувачката расте, а производството на хидроцентралите опаѓа, зависноста од увозна – и често поскапа – струја дополнително се зголемува. Економските аналитичари предупредуваат дека дури и делумно активирање на неискористениот домашен хидропотенцијал би можело значително да ја намали оваа зависност и да го стабилизира енергетскиот систем, особено во периоди на ценовни шокови на регионалните берзи.

Нереализирани соништа и старите фиоки

Симболот на овој неискористен капацитет е проектот ХЕ „Чебрен“ – еден од најстарите, но и најамбициозните енергетски проекти во земјата, кој се уште чека на реализација. Овој тип централи функционира како голема батерија, затоа што во периоди со вишок на евтина енергија водата се пумпа во горната акумулација, а кога побарувачката расте и цените растат, таа вода се спушта и произведува струја.

Проектот се проценува дека ќе чини околу една милијарда евра, а годишно би произведувал околу 1.000 GWh.

Проектот „Чебрен“ не е единствен во македонските планови. Идејата за „Вардарска долина“, како систем од повеќе каскадни централи, потекнува уште од 1980-тите години. Но поради финансиски, политички и еколошки пречки, таа никогаш не доби реална форма.
Покрај тоа, „Чебрен“ е осмислен како хидроенергетски комплекс заедно со „Галиште“, уште една поголема хидроцентрала која останува на листата за реализација.

Западен Балкан – увозно зависен и изложен на ценовни шокови

Македонската енергетско патешествие е нераскинливо испреплетено со она на регионот на Западен Балкан. По енергетската криза од 2022 година, регионално се изострија прашањата поврзани со домашните извори на енергија, енергетска независност и стабилност. Сепак, анализите на Регионалниот совет за соработка со седиште во Сараево, Босна и Херцеговина, земјите од Југоисточна Европа остануваат меѓу државите најранливи на ценовни шокови, токму поради зависноста од увоз.

Слични се оценките и на OECD (Организација за економска соработка и развој). Во извештајот Energy Prices and Subsidies in the Western Balkans (2025) се вели дека државите во регионот имаат големи субвенции и зависност од фосилни горива, што ја поткопува конкурентноста и долгорочната одржливост. Односно, недоволното искористување на домашните обновливи извори, особено хидроенергијата, претставува не само економски недостаток, туку и стратешка слабост бидејќи се изложени на увозна зависност, ценовни шокови и губење на конкурентска позиција.

Хидроенергијата – заборавениот темел на Европа

Европската унија преку планот REPowerEU ја постави целта за 45% удел на обновливи извори во енергетската потрошувачка до 2030 година, со масовна поддршка за технологии што овозможуваат складирање и флексибилност. Иако во јавноста доминираат информациите за соларните и ветерните проекти, хидроенергијата останува ’рбетот на европската обновлива енергетика.

Според извештајот Hydropower in Europe – Facts and Figures 2023, ЕУ располага со над 152 GW инсталиран капацитет, што обезбедува околу 13% од вкупното производство на електрична енергија. Најважна е улогата на реверзибилните (пумпно-акумулациони) хидроцентрали, кои овозможуваат складирање на енергија и балансирање на системите со нестабилни извори како сонце и ветер. Овие централи претставуваат над 70% од капацитетите за складирање на енергија во Европа, што ја прави технологијата клучна за зелената транзиција.

На пример, Норвешка, позната како „зелената батерија на Европа“, користи хидро-акумулации за да го балансира производството на ветер во Германија и Данска, додека Австрија и Швајцарија преку алпските системи обезбедуваат стабилност на мрежата за германската индустрија.

Македонија во европската енергетска слика

Денес, кога енергетската независност е прашање на безбедност, а не на избор, Македонија има можност да ја претвори својата природна сила во стратешка предност. Доколку проектите како „Чебрен“ се реализираат, не само што ќе ја обезбеди сопствената стабилност, државата ќе ја зајакне и сопствената улога за балансирање на снабдувањето на регионалниот пазар.
Ако реките станат двигател на новата енергетска политика, со одговорна, одржлива и транспарентна реализација на проектите согласно највисоките европски стандарди Македонија може безбедно да го разбуди успаниот „џин“.

Previous Post

Три хороскопски знаци ќе имаат судбинска средба до 6 ноември: Венера влегува во Вага

Next Post

Трамп за Нобелова награда: „Не сум тука поради слава, туку за да спасувам животи“

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Трамп за Нобелова награда: „Не сум тука поради слава, туку за да спасувам животи“

Трамп за Нобелова награда: „Не сум тука поради слава, туку за да спасувам животи“

Recommended

Трагедија во Индонезија: Питон долг 8,5 метри проголта фармер

Трагедија во Индонезија: Питон долг 8,5 метри проголта фармер

5 months ago
Путин: Западните сили во Украина ќе бидат легитимни цели

Путин: Западните сили во Украина ќе бидат легитимни цели

3 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.