Само 328 лица од Македонија се пријавиле да гласаат на парламентраните избори во Бугарија што ќе се одржат на 4 април, пишува бугарскиот весник „Сега“.
Рокот за пријавување на бугарските државјани од странство, кои сакаат да учествуваат на парламентарните избори во Бугарија, истече синоќа во 23 часот – пренесува Фокус.
Според податоците на бугарската Централна изборна комисија, што ги пренесува онлајн изданието на „Сега“, вкупно се пријавиле 87.216 лица кои ќе можат да гласаат во амбасадите и конзулатите на Бугарија во странство.
Најмногу пријавени има во Турција – 20 854, во Велика Британија – 16 159 и во Германија – 13 493. Во Шпанија за гласање се пријавиле 7 743 бугарски државјани, во САД (5 030), Италија (2 719), Австрија (2 114), Холандија (2 025), Франција (1949) и Грција (1 941).






