Полициски службеници од СВР Тетово вчера попладне, на 8 октомври 2025 година, во 15:40 часот го лишија од слобода 37-годишниот Х.М. од село Врањовце, гостиварско, поради предизвикување сообраќајна незгода под дејство на алкохол.
Инцидентот се случил на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово, кога возачот со својот „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски таблички удрил во друго возило од истата марка. Во несреќата, за среќа, нема повредени, но е причинета материјална штета.
При увидот, полициските службеници утврдиле дека возачот бил во видливо алкохолизирана состојба – тестирањето покажало неверојатни 2,20 промили алкохол во крвта.
Х.М. е приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.






