Во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавен инцидент во кој мајка физички нападнала малолетна ученичка, по претходна расправија меѓу неа и нејзина соученичка.
Според пријавата поднесена на 8 октомври 2025 година во 19 часот, родителите Б.Б. (33) и С.Б. (31) од Тетово пријавиле дека околу 13 часот настанала физичка пресметка меѓу нивната ќерка и соученичка, по што мајката на другото девојче физички ја нападнала нивната ќерка.
Во случајот се вклучени службеници од Центарот за социјални работи Тетово, а полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.






