Орбан: Брисел се подготвува да ги сокрие грешките на Фон дер Лајен
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Брисел се подготвува да ги „заташка“ грешките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по гласањето за имунитетот на неколку европратеници.
Орбан ја обвини Фон дер Лајен дека ја „уништи европската индустрија со зелените политики“, склучила „катастрофален трговски договор“ со САД, дозволила масовен прилив на мигранти и три години го финансирала војувањето меѓу Русија и Украина.
Тој тврди дека „лево-либералните кругови“ повторно ќе ја заштитат Фон дер Лајен, како и дека Брисел сака да ги „врзе сите земји членки за својот јарем, вклучително и Унгарија“.
Орбан најави дека Унгарија ќе се спротивстави на овие политики – и во Европскиот парламент и на претстојниот „Марш на мирот“.






