Српскиот претседател Александар Вучиќ остро реагираше по најновото вооружување на приштинските сили од Турција, оценувајќи дека Анкара „ја поткопува стабилноста на Балканот“ и грубо ги прекршува Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244.
„Сега е сосема јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува повторно да ја обнови Отоманската империја. Србија е мала земја, но добро ја разбравме пораката“, напиша Вучиќ на Твитер.
Реакцијата следи по објавата од Приштина дека пристигнале турски беспилотни летала „Skydagger“, дел од пошироката програма за модернизација на вооружувањето. Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека се набавени „илјадници беспилотни летала“, по претходните купувања на TB2 „Bayraktar“ и американските „Puma“ дронови.
Според аналитичарите, ваквиот потег дополнително ги влошува односите меѓу Белград и Анкара, и внесува нова доза тензии во веќе кревката безбедносна рамнотежа на Балканот.







