Скопје – Денеска околу 12:55 часот пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот ВМРО беше забележан сомнителен куфер, по што беа евакуирани сите околни згради, објавија медиумите.
Според информациите до кои дојде 4NEWS, куферот бил празен и не содржел бомба. Инцидентот бил пријавен од лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), кое на видео надзор забележало две лица како го разгледуваат просторот пред зградата, а едно од нив оставило куфер.
Полициските екипи веднаш излегле на терен, ја обезбедиле околината и го испитале предметот. Вработените од ЈПДП, чија зграда се наоѓа веднаш до штабот на ВМРО-ДПМНЕ, поради безбедносната закана биле евакуирани.
Министерството за внатрешни работи потврди дека ситуацијата е под контрола и дека куферот не претставува опасност за јавноста.






