Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека неодамнешните инциденти со дронови и нарушувања на воздушниот простор покажуваат дека Европа е цел на хибриден напад, кој бара одговор кој надминува класична одбрана.
„Ова не е случајно вознемирување, туку координирана и ескалирачка кампања со цел да се вознемират граѓаните, да се тестира нашата решителност, да се внесат поделби и да се ослаби поддршката за Украина. Време е да го именуваме вистински – ова е хибриден напад“, рече фон дер Лајен во Европскиот парламент.
Иако не ја обвини директно Русија за сите инциденти, таа нагласи дека Москва е главен актер кој се обидува да ja дестабилизира Европа. Сoочувањето со рускиот хибриден напад бара единство, одвраќање и одлучност, а не само традиционална одбрана.







