Данската премиерка Мете Фредериксен објави дека владата планира да забрани користење на социјални мрежи за лица помлади од 15 години, со образложение дека „мобилните телефони и мрежите им го крадат детството“.
Таа истакна дека 60% од момчињата на возраст од 11 до 19 години повеќе би останале дома отколку да излегуваат со пријатели, а речиси сите ученици на 13 и 14 години веќе имаат мобилен телефон.
Законот сè уште нема утврден рок, но ќе им дозволи на родителите да дадат согласност за користење на мрежи од 13-годишна возраст.
Слични иницијативи веќе постојат во Австралија и неколку земји на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Шпанија и Грција. Франција уште во 2023 година донесе слична забрана, која сè уште не е целосно спроведена.







