Дел од шесткатна зграда се урна за време на градежни работи во центарот на Мадрид. Според последните информации, загинале четири лица – тројца работници и еден раководител на проектот, а тројца се повредени, од кои двајца потешко.
Несреќата се случила околу 13 часот, додека во објектот, кој бил во процес на реконструкција во хотел, работеле околу 40 лица. Спасувачките екипи телата на настраданите ги пронашле во текот на ноќта.
Причината за уривањето сè уште се испитува. Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинес-Алмеида, изјави дека полицијата води истрага за тоа зошто се урнал панел од шестиот кат.






