На граѓанската трибина во Валандово, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека политиката мора да се врати на својата основна цел – да биде алатка за подобар живот на граѓаните, а не средство за пропаганда и лични интереси.
„Нашата борба е за достоинствен живот – за повисоки плати и пензии, за земјоделците, за докторите, наставниците, младите, за Европа. Ние се бориме за држава што ќе им помага на граѓаните, а не ќе им го врти грбот“, истакна Филипче пред жителите на Валандово.
Тој потсети на периодот кога СДСМ беше на власт, наведувајќи дека тогаш државата стоела цврсто зад луѓето – минималната плата била зголемена од 8.000 на 22.500 денари, просечната достигнала над 40.000 денари, пензиите и социјалната помош значително пораснале, а илјадници работни места и компании биле спасени со антикризни мерки.
„Тоа беа години кога државата беше партнер на човекот, кога никој не беше оставен сам. Време е повторно да ја вратиме таа сигурност и правичност“, порача лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на трибината на Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“.







